Назад

Предавање на тема: „Превенција од трговија со луѓе “ 11/17/17

Соработка со родители и соработка со НВО

На 08.11.2017 година во нашето училиште беше одржано предавање на тема: „Превенција од трговија со луѓе “

Организатор на предавањето беше: НВО „Отворена Порта – Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе“, Скопје и ООУ„Кирил Пејчиновиќ“-Кисела Вода, Скопје

Присутни на настанот беа: Стојна Атанасовска Димишковска (предавач) и Билјана Јовановска- претставници од НВО„Отворена Порта – Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе“, Скопје директорот м-р Сашо Јованоски, дефектологот- Велика Миленковска, учениците  претседатели и заменици претседатели (претставници од ученичката заедница) од 6 до 9-то одделение).

Соработката помеѓу двете институции прераснува во традиционална работилница, а презентацијата за време на работилницата ги растрепери душите на присутните ученици и за цело време со внимание се следеше и проекцијата на филмовите, а потоа следешен и дискусијата за секоја изгледана проекција.