Назад

Гостување на Next Time - Мартин и Стефан Филиповски и Никола Мицевски 12/14/17

На ден 14.12.2017 година во нашето училиште „Кирил Пејчиновиќ“- Кисела Вода, Скопје во 3д одделение на часот по музичко образование гостуваа членовите на познатата група „Next Time“- Мартин и Стефан Филиповски и родителот Никола Мицевски, а во присуство на одделенскиот наставник - Еленора Лазаров, директорот: м-р Сашо Јованоски и дефектологот- Велика Миленковска. Имено Стефан е водечкиот пејач во групата,  додека Mартин свири на гитара и е придружен вокал. Групата ја претставуваше Македонија на Евровизија 2009 во Москва, Русија.

Мартин и Стефан Филиповски и родителот Никола Мицевски им пристапија на учениците и им раскажаа за нивните почетоци, за нивното детство и нивните ученички денови. Потоа сите заедно ги пееја познатите хитови „ Ја излези Ѓурѓо“ и „ Слушам кај шумат шумите“.

Часот помина со големо воодушевување кај учениците од остварената средба.