Назад

Посета на Скопскиот планетариум 10/25/17

На ден 05.10.2017 година, од страна на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ се изведе посета на Скопскиот планетариум. Цел на оваа посета беше подетално, практично, но и научно запознавање на  учениците од шестто одделение со вселената, галактиките,  соѕвездијата, ѕвездите, како и на планетите од нашиот Сончев Систем. Можноста да се присуствува во планетариум, како и да се наблјудуваат ѕвездите и сите останати небесни тела со помош посебна направа и снимен фото - филм, кај учениците предизвика силни емоции, како  и огромна љубопитност и интерес кон небесните појави и нивната бројност, неверојатност и мистичност. Инаку, посетата беше организирана во рамки на предметот географија, а ја реализираа наставниците: Лилјана Николиќ – професор по географија, Дарко Стојчески – професор по географија, Билјана Крстиќ – професор по информатика и Маја Михаиловска – професор по англиски јазик.