Назад

Посета на Саем на книга 2018 5/5/18

Ученици од IX одд. заедно со наставничката по иновации и техничко образование Соња Богатиновска на 05.05.2018 го посетија Саемот на книга 2018 – Скопје кој се одржува во ВИП Арена „Борис Трајковски“. На саемот беа изложени книги од различни издавачки куќи, како од домашни така и од странски автори, кои побудија голем интерес кај учениците.