Посета во МНТ 3/7/19
Во Македонскиот народен театар, на 18.02.2018 година, учениците од седмо и осмо одделение во придружба на наставниците: Снежана Цоневска, Маја Михиловска, Ирена Стефанова и Билјана Крстиќ имаа можност да ја видат претставата „Благуна“, монодрама во изведба на Шенка Колозова.
Благуна е еден од многуте прекрасни ликови во романот „Разбој” од писателот Владо Малески. Токму „Разбој”, еден од најдобрите романи во нашата книжевност, беше предизвик за Колозова од главниот лик на романот да направи монодрама во која вложи многу работа и љубов. Долгогодишното сценско искуство ѝ даде самодоверба сама, и без режисер, да ја подготви претставата, така да се работи за едно авторско дело чија досегашна изведба публиката ја следеше со големо внимание и многу емоции.
Драмската претстава се одржа на малата сцена во Македонскиот народен театар-Скопје со почеток во 19.00 часот.