Назад

Патронат 2017 3/30/17

На 30.03.2017 нашето училиште одбележа 72 години постоење. Учениците под менторство на наставниците го покажаа својот талент за глума, музика и танц. Мотото на Кирил фактор 2017 беше МУЗИКАТА ГИ ОБЕДИНУВА ДЕЦАТА.

Беа наградени и учениците на литературниот и ликовниот конкурс кои твореа на теми:

  1. „Ја градиме својата иднина”;
  2. „Децата се украс на светот”;
  3. „Посакувам...”

Наградени беа и учениците кои се натпреваруваа на училишните натпревари по англиски јазик и математика.

Децата се натпреваруваа, а родителите, наставниците, претставниците од Општина Кисела Вода, МОН и други со задоволство го проследија овој богат настан.

фотографии од настанот