Назад

Одбележан Патрониот ден 3/30/19

Нашето училиште го одбележа патрониот ден - 74 години од своето постоење

Под мотото Скршено срце учениците таленирани за музика, танц, рецитација се претставија пред вработените на училиштето, родителите, соучениците како и претставниците од Општина Кисела Вода градоначалникот Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ и секретарот на Општината Александар Алексовски и други претставници од локалните училиште и градинки.

Вистинско задоволство беше да се видат како овие млади таленти изведуваат познати хитови, како од година во година го развиваат својот талент, а ни доаѓаат и нови млади успешни и вредни ученици. 

Во рамките на активностите за одбележување на Патрониот празник на училиштето, беше организиран литературен и ликовен конкурс на тема: „Скршено срце“. Учениците се натпреваруваа во две категории: ученици од I – V одделение за ликовниот и од III-V одделение за литературниот конкурс, како и од VI – IX одделение. Конкурсите се дел од активностите на литературната и ликовната секција.

            Добитници на награди на ликовниот конкурс се:

1 место – Мишел Матиќ – III-а одделение

2 место- Моника Саздова – I одделение, ментор - Емилија Стефановска

3 место- Ива Василевска IV – г одделение, ментор - Елизабета Митревска

Од предметна настава, наградени се :

1 место – Ангела Герасимова VI –б одделение;

2 место- ученик со шифра 1258

3 место- Ева Ристовска VII-а одделение.

Добитници на награди на литературниот конкурс се:

Во првата категорија:

1 место – Филип Богдановски , ментор – Илинка Димовска и

                Стефан Стефаноски – III-в одделение; ментор: Дафина Георгиевска

2 место – Мила Здравковска - III-а одделение; ментор: Драга Филовска

3 место- Маја Божиновска- III-в одделение; ментор: Дафина Георгиевска

Во категоријата ученици од VI – IX одделение:

1 место – Калина Трипкова –VIII-г одделение  , ментор – Антониета Ѓорѓиевска и

                Лука Бејковски – VI-а одделение; ментор: Александра Ѓуровска

2 место – Јана Нолева –VIII-г одделение  , ментор – Антониета Ѓорѓиевска

                Дафина Гилевска – VI-а одделение; ментор: Александра Ѓуровска

                Константин Михајлов – IX-б одделение; ментор – Антониета Ѓорѓиевска

3 место- Петар Николов –VIII-б одделение  , ментор – Антониета Ѓорѓиевска

               Ема Чупоска–IX-г одделение  , ментор – Антониета Ѓорѓиевска

Освен наградените, пофалници ќе добијат голем број ученици

Галерија