Назад

Нова термоенергетска фасада 10/18/18

На 16.10.2018 беше означен крајот на градежните активности за поставување на термоенергетска фасада во нашето училиште. Проектот се реализира преку соработка на Општина Кисела Вода и Цементарница УСЈЕ АД Скопје, а за успешното завршување на градежните активности ангажирана беше фирмата ИНВЕСТ ДОМ Вевчани. На завршниот чин присуствуваа: градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општината Дарио Шимиќ, директорот на Цементарница УСЈЕ АД Скопје Борис Хрисафов и директорот на училиштето Сашо Јованоски.

Новата фасада даде нов современ лик и ќе придонесе за подобрување на термоенергетската ефикасност на училишниот објект.