Назад

„Нејзин свет, нејзини правила“ за Денот на жената 3/9/19

По повод кампањата за 8 Март „Нејзин свет, нејзини правила“ за Денот на жената во спортската сала на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ не' посетија претставници од Македонската кошаркарска федерација. Претставниците на Македонската кошаркарска федерација низ полигон на игри во кошарка ги анимираа учениците од II одд.

По повод Денот на жената, учениците од II одд. учествуваа во меѓуоделенски натпревари за кошарка. Учениците се натпреваруваа во две групи. На сите ученици од II одд. што се натпреваруваа во кошарка  како и на наставничката по физичко и здр.обр. Снежана Мачавеловска - Мустачка им беа доделени маици од Македонската кошаркарска федерација. Училиштето од претставниците на Македонската кошаркарска федерација доби донација на 20 топки за кошарка кои ќе служат како ресурси за предметот физичко и здравствено образование.

Повеќе на следниот линк