Назад

Натпревар во фудбал (футсал) по повод Ѓурѓовден 2018 6/4/18

На 04.06.2018 учениците: Томи Станковски од 9а, Виктор Спасовски од 9б, Борис Насков од 9б и Синиша Арсиќ од 9б од ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ земаа учество и се натпреваруваа во општинската екипа во фудбал(футсал) по повод патрониот празник на општина Кисела Вода - „Ѓурѓовден 2018“.

Натпреварот се одигра помеѓу екипата на општина Аеродром и екипата на општина Кисела Вода. Натпреварот  заврши 2:1 победа за екипата на Аеродром во фудбал(футсал).

Наставничката по физичко и здравствено образование Снежана Мачавеловска-Мустачка беше заменик селектор и лидер на селекцијата на екипата во фудбал(футсал) на општина Кисела Вода.