Назад

Здрава околина, здрав живот 4/29/17

Во нашето училиште во период од 17-28 април беа одржани презентации на тема „Здрава околина,здрав живот". Презентациите  беа спроведени во организација на нашата општина- Кисела Вода, "Lions Clubs International District 132" Македонија и друштвоото ПАКОМАК.  Беа опфатени сите ученици од 1-9 одделение.

Целта на акцијата е од најмала возраст да се поттикнуваат децата да го селектираат отпадот и да се создадат нови, еколошки едуцирани генерации, кои активно ќе учат дека со селектирањето на отпадот ја зачувуваме природата  и дека тој може повеќе пати да се рециклира и да дава нова вредност.