Назад

Еколошка работна акција 3/19/19

На 15.03.2019 учениците од III б, во соработка со неколку родители изведоа работна акција – садење на цвеќиња во училишниот двор. Целта на акцијата беше учениците да знаат како да придонесат за негово разубавување и да ја зачуваат чиста и здрава средината во која живеат.

Оваа акција беше во согласност со програмата за имплементација на Еко проектот (IV тема: Уреден двор, точка 8 Хортикултурно уредување). На крајот од акцијата учениците беа многу горди и поттикнати да придонесуваат за понатамошно  разубавување на околината.

Одделенски наставник: Анета Буковалова

фотогалерија