Назад

Едукативна програма „За зелен град“ 10/11/17

На 06.10.2017 година ученици од 6 одд. заедно со наставничката по биологија –Виолета Велјаноска учествуваа на предавање од едукативната програма „За зелен град” во рамките на проектот „City Tree”, во организација на Центарот за истражување и информирање за животната средина  “Еко-свест”.

Целта на оваа едукативна програма е подигнување на јавната свест за аерозагадувањето во рана возраст,како и кај академските граѓани.

Со едукативната програма “За зелен град”  на учениците сликовите и низ интересна содржина им се пренесе порака за важноста на зелените површини во градот, аерозагадувањето и неговите причинители, како  City Tree инсталацијата помага во прочистувањето на воздухот и начините со кои може да се намали аерозагадувањето во големите градови.