Назад

Државен натпревар за кодирање 5/23/22

На 06.05.2022 во просториите на Младински културен центар во Скопје се одржа финалниот натпревар во кодирање со микробит. Нашето училиште се пласираше во најуспешните 15 проекти. Овој исклучително интересен натпревар е организиран во соработка со Министерството за образование и наука и истиот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство.

Училиштето го претставија учениците Димитри Ангеловски VIII-б одд. и Вања Петровиќ VII-в одд.

 

Идејата за проектот под име ZIZ Smart Watch 1 учениците ја добија од секојдневниот живот и можноста за олеснување на ситуациите и потребите кои ги сретнуваме при нормалното движење и функционирање. Секако ова е само проект и идеја која може да биде надградувана но, со сериозност да најде примена. Уредот може да го употребуваат стари лица кај кои ќе се мониторира висината на нивниот пулс и испраќање порака за помош при некоја состојба, за спортисти исто така за да ја мониториират срцевата активност, кај деца кои се движат сами и при случај на било каква опасност да испратат С.О.С порака, аларм потсетник за одржување на хигиена на нашите раце која е неопходна и секако за информација за точното време.

Како награда училиштето доби пакет од 10 микро:бит уреди верзија 2 со вграден звучник, микрофон и сензор за допир за уште повозбудливи решенија за наредните проекти, комплет за микро:бит додатоци, кој содржи пијано за микро:бит, LED прстен за микро:бит, комплет за иновации, паметен комплет за стаклена градина, графика128 OLED дисплеј за микро:бит и контролер за игра за микро:бит.

 

 

 

Ментор

наставник Билјана Крстиќ