Донација од Lions клуб international 11/5/17
На ден 27.10.2017 година од страна на претставници на Lions клуб international - Скопје беше доставена донација од дидактички материјал за потребите на дефектологот во ООУ „Кирил Пејчиновиќ “- Кисела Вода, Скопје, кој ќе биде искористен за учениците со посебни образовни потреби.
Донацијата се состои од: пино замок (2); пино фарма (2); пино сложувалка-врзување (3); пино сложувалка-3 теми (2); пино воз (1); масажни топчиња-плави (2); твистер (1 голем и 1 мал); гоки- математички стапчиња-36 парчиња (1); физиотопки мамбо-АВ (2); сет корекција на рамни стапала (7 полутопки); масажни прстени-жолти (3); активни коцки-кутии (2); пино- облекување (6); масажни мали топчиња-зелени (5); печурки (3); гоки-разбој (2); гоки- меморија на бои (1); залени ластици (5) и жолти ластици (5).