Назад
Да ги срушиме бариерите за аутизмот заедно „2-ри Април“ 4/3/17
- Работилница на тема: Да ги срушиме бариерите за аутизмот заедно „2-ри Април“
- Место на реализација: ПОУ„Д-р Златан Сремац“-Кисела Вода, Скопје
- Време на реализација: 03.04.2017 година
- Организатор: ПОУ„Д-р Златан Сремац“-Кисела Вода, Скопје и ООУ„Кирил Пејчиновиќ“-Кисела Вода, Скопје
- Присутни: директор м-р Сашо Јованоски, педагог- Жаклина Стојановска, дефектолог- Велика Миленковска, пред. наставник по англиски јазик- Маја Михаиловска и ученици од 6-то, 8-мо и 9-то одделение.
Соработката помеѓу двете образовни институции од година во година прераснува во традиционална креативна работилница, а уникатните големи дела на вештите мали раце ги растреперија душите на присутните и им откраднаа насмевки од срце. Овој пат тема на средбата беше „2-ри Април“-Да ги срушиме бариерите за аутизмот заедно. Посветено на светскиот ден на лицата со Аутизам.