Назад

Голем одмор 4/5/17

На 23.11.2016 година, во рамките на драмската секција, учениците од шесто и деветто одделение во придружба на наставаниците: Снежана Цоневска(предметен наставник по македонски јазик)  и Маја Михаиловска (предметен наставник по англиски јазик)  настапија со музички кореографии, драматизација и ликовни изведби во емисијата “Голем Одмор” во МТВ. Во емисијата настапија и ученици од I до V одделение под раководство на одделенскиот наставник - Катерина Ѓуровска Трајчевска.