2 Април - Светскиот ден на лицата со АУТИЗАМ 4/1/22
По повод Светскиот ден на лицата со АУТИЗАМ, тимот во состав:
- Анета Велкоска ОДА
- Јадранка Переска
- Велика Миленковска
Ви го претставуваат проектот „Зимската соба на Петар“, со цел на поинаков начин да ги сфатиме нивните мисли, зборови и дела и да ги прифатиме како дел од целото постоење.
Online средба одржаа и учениците од Ученичкиот парламент со наставничката по македонски јазик Александра Ѓуровска.
Во рамките на редовните активности на Ученичкиот парламент кој функционира во нашето училиште, беше одбележан Светскиот ден на лицата со аутизам.
Целта е подигнување на свеста за аутизмот. Учениците имаа можност да се запознаат со основните карактеристики на аутизмот и да сфатат дека и лицата со аутизам, како и сите останати треба да ги уживаат своите права и да живеат среќни и исполнети животи. За таа цел, одговорниот наставник, Александра Ѓуровска им одржа кратка презентација на темата: „Да го разбереме аутизмот“, а потоа учениците имаа можност да ја погледнат дигиталната бајка со наслов „Зимската соба на Петар“.
На крајот, ученичките: Калина Стојановска, Ивана Лакордова и Михаела Блажевска одржаа презентација на тема: „Различни, но сепак исти“. Сите ученици со внимание ги проследија овие активности и потоа активно се вклучија со искажување на своите ставови за начинот на кој треба да им помогнат на своите врсници со аутизам.