Назад

Регионален натпревар по македонски јазик 2018 (Македонски јазик) Одржан на 4/21/18

На 21.04.2018г. во  просториите на приватното средно училиште „Алгоритам“ се одржа Регионалниот натпревар по македонски јазик и литература за основните и средните училишта во Република Македонија, поделени во 8 региони.

            Ученичката Александра Маринкова од IX-б одделение, заедно со менторот Александра Ѓуровска го освои второто место (кое го дели со неколку ученици со ист број поени) и се пласираше на претстојниот Државен натпревар по македонски јазик и литература.