Назад

Конкурс за литературна творба или илустрација на тема: „Хероите носат униформа – но и срце“ (Македонски јазик) Одржан на 5/7/25

По повод 7 Мај, ЛУБ „Благој Јанков Мучето“, во соработка со Секторот за внатрешни работи, распиша конкурс за литературна творба или илустрација на тема: „Хероите носат униформа – но и срце“.

На тој конкурс учествуваше ученикот Лука Вељановски, под водство на Викторија Георгиевска Младеноска, при што се здоби со благодарница.

 

Хероите носат униформа - но и срце

Полицајците носат униформи сини

и имаат срца силни.

Се борат за закон и ред,

го ризикуваат животот секој ден.

 

Се борат со секаков криминал

и ги има на секој терминал.

Тие се херои оригинал

и имаат коли со звучен сигнал.

 

За правила и прописи се залагаат

и секогаш правда бараат.

Нé чуваат постојано сите,

да ни минуваат безгрижно дните.

 

Херои се тие прави,

ги има на сите страни,

ги гледаме на улици често,

а секогаш се на вистинско место.

 

Херои се брзи и вредни

и за акција секогаш спремни.

На секого подаваат рака

и помагаат без мака.

 

Ви благодариме херои наши

за храбрите срца ваши!

Да им дадеме аплауз и слава,

и да им ја честитаме денешната прослава!