Назад

Натпревари во областа искористување на ОИЕ и транзиција кон одржлив развој – проект TRANSIT (Природни науки) Одржан на 3/19/25

Во рамки на проектот TRANSIT, во кој учествуваа Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултетот за електротехника и информациски технологии и ЕВН Македонија, беа организирани натпревари поврзани со искористување на енергија од обновливи извори и транзиција кон одржлив развој во три категории:

  1. Најдобар детски цртеж за деца од основни училишта (7 – 11 години);
  2. Најдобар магистерски труд;
  3. Претпријатие/стопанско здружение кое дало најголем придонес кон одржливоста и искористувањето на обновливи извори на енергија.

На 19.03.2025 година се одржа состанок на комисијата за доделување на наградите на проектот TRANSIT, составена од учесници во проектот. Добитници на наградите беа:

Најдобар детски цртеж

Добитник на наградата (1. место) беше ученикот Лука Вељановски,ментор Викторија Георгиевска Младеноска од ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Скопје. Најдобриот цртеж на тема искористување обновливи извори на енергија/одржливост беше награден на државно ниво со TRANSIT трофеј, парична награда од 300 евра за институцијата и соодветен подарок за детето. Победникот на државно ниво стана дел од натпреварување на европско/меѓународно ниво. Меѓународните награди вклучуваа трофеј и парична награда од 1000 евра за институцијата и подарок за детето.

Најдобар магистерски труд

Добитник на наградата беше м-р Александар Чавлески.

Натпревар за претпријатија/стопански здруженија

Добитник на наградата беше Македонското здружение за енергија од обновливи извори (МАРЕС).

https://feit.ukim.edu.mk/novosti/dobitnici-na-nagradi-na-natprevarite-vo-oblasta-iskoristuvanje-na-oie-i-tranzicija-kon-odrzhliv-razvoj-proekt-transit/