Назад

,,Генералка викенд" и ,,Еко час" 5/9/26

На 08.05.2026год,нашето училиште со голем ентузијазам се приклучи на националната иницијатива ,,Еко час",организирана од Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието ,како дел од проектот ,,Генералка викенд".

Преку практична активност учениците од VII одд,покажаа дека грижата за животната средина не е само теорија ,туку и начин на живеење.Целта на овој ,,Еко час" беше да се поврзе наставниот процес со реалната акција на терен,потикнуваќи ги младите да станат активни чувари на природата.

Што реализиравме ?

Учениците,под менторство на наставничката по биологија и природни науки Лидија Блажеска ги реализираа следниве активности од прирачниците за еколошка едукација.

Активност1:

Експеримент за топење на мразот на половите

Активност2:

Експеримент за океанските струи.

Преку изведенети експерименти учениците го споделуваа своето мислење за тоа која од овие чаши мислат дека го претставува морскиот ,а која копнениот мраз,што се случува со нивото на водата во двете чаши додека мразот се топи.Преку вториот експеримент учениците демонтрираа и докажаа дека Океанските струи се големи движења на морската вода во океаните и морињата .Тие се движат во одредена насока и имаат големо влијание врз климата ,времето и живиот свет.Исто така учениците се запознаа со случувањата на половите како последица на глобалното затоплување ,потребата и важноста сите ние да бидеме свесни за причините и последиците од глобалното затоплување ,топењето на мразот и океанските струи .