Назад

Доградбата на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ 7/11/25

???? Со огромна радост, сакам да ве информирам дека во напредна фаза е доградбата на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, каде што се градат нови шест училници, по две на секој кат.

Се работи за површина од 130m2 по кат, или вкупно 390m2.

???? Овие нови простории нема да бидат само ѕидови и покрив, туку основа за подобро образование, поквалитетни услови и внимание кон секое дете.

☝️Со оваа инвестиција, овозможуваме наставата да се изведува во една смена во ова училиште, а со доградбата во ООУ ,,Невена Георгиева - Дуња” која наскоро започнува - сите училишта на територијата на Кисела Вода ќе работат во една смена!

Тоа беше барање од родителите, а мој даден збор.

???? Сакам да изразам голема благодарност до министерката за образование Весна Јаневска за реализацијата на овој проект, но најголема благодарност до Премиерот Hristijan Mickoski кој како никој досега покажа вистинска грижа за секоја сфера од општеството.

Неговата поддршка, значи развиени општини и силна Македонија!

???? Продолжуваме посветено да го унапредуваме образованието – затоа што влогот во најмладите е влог во иднината!

#Најдоброто допрва доаѓа