Назад

Tридневна научно - рекреативна екскурзија 11/24/19

Во периодот од 04.11.2019 година до 08.11.2019 година, беше реализирана тридневна научно - рекреативна екскурзија со учениците од IX одделение (73 ученика). Екскурзијата беше спроведена според претходно изработената програма за ученички екскурзии од страна на одделенските раководители на деветтите одделенија.

Тридневната екскурзија од научно-рекреативен карактер имаше за цел да ги прошири знаењата на учениците, да им овозможи да ги применат своите вештини и ставови преку непосредно запознавање на појавите, односите во природата и општествената средина и културно-историските знаменитости во согласност со воспитно-образовната работа на училиштето.

Екскурзијата беше реализирана во соработка со туристичката агенција „Кондор“, а учениците беа сместени во хотелот „Конгресен Центар“ , кој се наоѓа во градот Охрид, бисерот на македонскиот туризам. За безбедноста и удобноста на учениците беа задолжени одделенските раководители: Маја Михаиловска - одделенски раководител на IX а одд. (наставник по англиски јазик), Ирена Стефанова - одделенски раководител на IX б одд. (наставник по математика), Александра Рилкова (наставник по биологија) и Лилјана Николиќ (наставник по географија) како и водичот и докторот, обезбедени од страна на туристичката агенција.

Екскурзијата започна на 4.11.2019 година во 8:00 часот. На патувањето, со желба за убав помин, нè испратија Директорот на училиштето и родителите на учениците. Прошетката започна со посета на „Меморијалниот музеј“ во Прилеп ,каде се прикажани различни периоди од историјата на македонскиот народ, и со кратка прошетка во градот разгледувајќи ја Саат кулата, чешмата на Итар Пејо, спомениците на Крали Марко, Александар Македонски и на Тоше Проески. Патувањето го продолживме во Крушево во спомен куќата на Тоше Проески, каде можат да се видат предмети кои зборуваат за животот на познатиот македонски пејач, и споменичкиот комплекс - Македониум . Следеше посета на археолошкиот локалитет Хераклеа, еден од позначајните антички градови во Македонија, и кратка прошетка на Широк сокак во Битола. Пристигнување во хотелот „Конгресен Центар“ во Охрид. Сите ученици и наставниците беа сместени во собите, а по вечерата во 19:00 часот следеше организирана диско забава во хотелот.

Вториот ден од екскурзијата, по појадокот во 9:00 часот, следуваше посетата на на стариот град во Охрид: Античкиот театар кој се користел за гладијаторски борби и борби на гладиајтори со диви животни, а денес се користи за културни манифестации, концерти и театарски престави, традиционално, во него се отвора фестивалот Охридско Лето; Самоиловата тврдина , заштитен знак на Охрид, која претставува еден од најголемите средновековни градови на територијата на Република Македонија, Плаошник , еден од најзначајните археолошки локалитети во Охрид и во Македонија и едно од најсветите места кај целиот словенски род. се наоѓала Охридската школа, жариште на словенската писменост, духовност и култура, која се смета за прв словенски универзитет во светот;; старата рибарска населба „Канео“; црквата Св. Софија, а потоа следеше рекреативна прошетка во Охрид до 13.30 часот. По ручекот учениците го посетија „Заливот на коските“ кој претставува атрактивен музејски комплекс насловен како Музеј на вода претпоставена реконструирана наколна населба на дрвена платформа поставена на дрвени колци закачни на дното од езерото. Учениците се запознаа со специфичниот начин на живот на тогашното население - домови, орудија, садови, обезбедување храна. По вечерата следеше диско забава во Ноќниот клуб „Харем“ во центарот на Охрид. “. Вечерната забава помина во ведро расположение и пријатна атмосфера

Третиот ден се посети прекрасното Вевчани, препознатлив по традиционалниот карневал кој секоја година се одржува на Василица 13ти и 14ти јануари, кој изобилува со неверојатна природна убавина и по Вевчанските извори. Се прошетавме и низ Струга, покрај кејот на на Црн Дрим се до „Мостот на поезијата“ на истекот на реката Црн Дрим од Охридкото езеро, каде се одржуваат Струшкит е вечери на поезијата. После ручекот во попладневните часови учениците го напуштија хотелот и во 15:30 часот, автобусите тргнаа кон Скопје. По патот имавме краток одмор на Стража и во 19:00 часот стигнавме во Скопје. Учениците ги пречекаа родителите и заминаа во своите домови со желба за повторно патување и заедничко дружење.

галерија