Плакета – признание за „eTwinning училиште“ за 2025/2026 година 9/16/25
Со голема чест и задоволство информираме дека на нашето училиште за прв пат му е доделена плакета – признание за „eTwinning училиште“ за 2025/2026 година од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Ова признание претставува потврда за нашата континуирана посветеност на квалитетна и иновативна настава, активно вклучување во eTwinning проекти, соработка на европско ниво, како и развој на дигитални компетенции, интернационализација и професионален развој на наставниот кадар.
Признанието не само што го истакнува нашиот ангажман и резултати, туку нè вбројува меѓу многуте училишта кои придонесуваат за современо, отворено и инклузивно образование.
Искрена благодарност упатуваме до сите ученици, наставници и партнери за нивната посветеност и придонес кон овој значаен успех. Признанието го посветуваме на нашата заедничка определба кон квалитетно образование и визија за иднина полна со можности.
