Назад

Официјална посета на Претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова 5/13/25

Учениците од IV-a и IV-д одделение со наставничките Дафина Георгиевска и Марина Анастасијевска на 09.5.2025 г. беа во официјална посета на Претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова.

Со голема радост Претседателката ги пречека учениците кои беа нејзини гости на свечената церемонија на менување на државното знаме, како знак на почит кон државните симболи.

Потоа во нејзиниот кабинет со љубопитност, остроумност и типична детска искреност се интересираа за нејзините работни обврски, но и за личниот живот, почнувајќи од детството, школските и студентски денови, како и професорската кариера на што Претседателката одговараше со голема желба и посветеност.