Назад

The World Scholar's Cup 2/19/18

На 12 и 13 февруари 2018 во Скопје се одржа „Светски ученички куп“ - The World Scholar's Cup - Skopje Round целосно одржан на англиски јазик. Средното приватно училиште Yahya Kemal беше домаќин на манифестацијата. Нашето училиште беше претставено од една екипа во категоријата јуниори. Екипата ја сочинуваа: Александра Маринкова, Ивана Гарбеска и Михаил Ѓорговски, сите од IX-б и менторот Славица Богоевска. Учениците освоија мноштво медали во повеќе категории. Најголем успех беше освоеното второ место во екипна категорија и квалификација да учествуваат во наредниот круг кој ќе се одржи во Барселона во месец јуни оваа година.