Назад

Започна уписот на првачиња 5/2/19

Врз основа на Законот за основно образование на Р. Македонија Сл.Весник од 19.08.2008 год. Основни одредби чл.1, чл.2, чл.45, чл.46 и чл.50, ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ Скопје ги известува сите родители дека уписот за учебната 2018/2019 година во прво одделение ќе започне од 01.05.2019 год. до 31.05.2019 год.

Децата кои ќе наполнат 6 години до крајот на месец декември во текот на учебната 2019 година или најдоцна до 30.01.2020 год. ќе бидат запишани во прво одделение деветолетка. При запишувањето на учениците во прво одделение деветолетка потребно е да биде присутно детето кое родителот го запишува во прво одделение деветолетка.

По желба на родителот детето може да биде тестирано со соодветен психолошки тест (инструмент), со помош на кој родителот ќе биде информиран за зрелоста на детето и неговите способности, како и одредување на менталната возраст на детето.

Потребни документи:

1.   Извод од матична книга на родените (фотокопија)

2.   Лекарска потврда од матичниот лекар во која се заведени сите примени вакцини

3.   Лекарска потврда од матичен стоматолог за извршени систематски прегледи на оралната  празнина

Уписот и интервјуто со родителите ќе се врши секој работен ден од 10:00 до 14:00 часот

Документите се доставуваат кај педагогот на училиштето.

 

 

Психолог

Вера Митровска

Педагог

Жаклина Стојановска

 

 

          

     Директор

   м-р Борче Миревски