Назад

III место за најбезбедно и најчисто училиште 12/22/17

Нашето училиште освои III место во Република Македонија на Јавниот повик за избор на „Најбезбедно и најчисто училиште” како дел од „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ (ЕКО училиште).

Оваа вредна награда е резултат на учеството на нашето училиште на проекти и работилници кои ги опфаќаат следниве области: здрава и еколошка средина, безбедост, ненасилство, разрешување на конфликти и слични содржини, како и постојаното одржување на зградата (санитарно-технички, санитарно-хигиенски), уредување на дворот кој е во согласност со потребите за заштита на животната средина и безбедни и сигурни услови за престој и работа во училиштето (организација и физичка безбедност, превенција и заштита од природни и елементарни непогоди).