Назад

3-ти декември меѓународен Ден на лицата со посебни потреби  12/2/20

                                                          

Драги ученици, наставници и родители. Денес е 3-ти декември, меѓународен „ Ден на лицата со посебни потреби“.

Во оваа категорија спаѓаат лица со пречки во видот, слухот, говорот, психички, физички или комбинирани пречки. Според најновите трендови во нашата република овој празник се повеќе се актуелизира со една цел, да се подигне јавната свест  во социјалната средина за прифаќање на различностите како интегрален дел на секојдневното живеење. Сите ние се раѓаме носејќи во себе различни способности, но со вдишување на првиот здив се стекнуваме со исти права.

Меѓу правата постои едно мошне важно „Право на еднакви можности или шанси“. Со ова право општеството се задолжува со обезбедување на сите потребни услови за задоволување на посебните здравствени, социјални и образовни потреби на лицата со пречки во развојот. Со еден збор тоа се нарекува инклузија во сите сфери на општествениот живот. Ова не' задолжува сите ние да ги прифатиме различностите без страв и предрасуди, да ги разбереме туѓите потреби и да придонесеме со своето дејствување во реализирање на тие права.

Во прифаќањето на инклузијата како  процес во голема мера свој придонес даде развојот на симедонискиот вредносен систем и култура под кои се подразбира заинтересираност на луѓето за остварување на среќата кај другите, склоност да им се помогне и да им се даде поддршка на другите да бидат поуспешни.

Нека е честит денот, и неговото одбележување нека придонесе за поголема вклученост на лицата со посебни потреби во целокупниот општествен живот.