Назад

„Хокус покус, рециклирањето е во фокус“ 4/12/18

На ден 04.04.2018 година во основното училиште Кирил Пејчиновиќ, со своите интересни и поучни магионичарски трикови, гостуваше илузионистот Кристиан Шопов. Целта на посетата беше да се развие еко свеста кај најмалите ученици, со што и тие да се обучат како би можеле да придонесат за да живееме во поздрава животна средина.  Еко едукацијата, спроведена низ триковите на Кристиан, беше примена со преголемо задоволство и интерес од страна на учениците. Целата претстава се одвиваше низ постојана интеракција меѓу магионичарот и учениците, со што и ефектот, повратната информација од истата беше прекрасна. Учениците преку магионичарските игри ги запаметија точните бои на кантите за отпад, за селектирање на отпадот, и со тоа научија како успешно да учествуваат во рециклирање на истиот. Целата изведба беше спроведена со сликовит материјал, каде беше премногу живописно претставена нашата Планета, со и без отпад.