Назад

Творби на тема „Езерска слика“ 3/17/19

Во рамките на литературната секција, учениците твореа на тема „Езерска слика“ и со тоа станаа дел од проектот за интеграција на еколошката едукација во училиштето.
Акцентот бееше ставен на значењето на водата за живиот свет. Во продолжение следуваат нивните лични творби:

 

Езерска слика

Крај сините бранови големи

група деца весело се смеат.

Додека ветрецот нежно си дувка

птиците милно пејат.

 

По езеро хартиено

бротче си плови.

направено од дете

кое љубопитноста го води.

 

О, езеро мое мило,

ти најубаво на светот си било

кога јас тебе те видов

јас знаев дека во срцето ти

си ми се скрило.

Марио Мирчески VI

 

Езерска слика

Таму во долината,

во преграт на планината,

езерски води бранат,

со своја убавина мамат.

 

Птици околу распеани,

сончеви бранови разлеани,

за езерски рипки седала,

за цветови и дрвја огледала.
 

Ливчиња од ветре разиграни,

тревки крај вода насмеани,

прекрасна убава лика,

и една езерска слика.

Стела Владичева VI -г одд.

 

Езерска слика

Езерото е рајска градина,

цвеќиња во сино обоени,

рибарите со кајче пловат,

богатството на езерото го ловат.

 

Лебедот со малите бранови се бори

птиците пејат,

од утро до зори.

 

Сонцето доаѓа,

природата ја злати,

дождот се појави

виножитото се врати.

Ева Ламбеска VI-в

 

Езерска слика

Езерото е прекрасно во ноќта

Кога сјае, под небото ноќно со

Безброј ѕвезди, а во зимата кога

Има градови снежни над езерото

Сјајна мразна покривка ги

Штити безбројните капки.

 

Над езерото во пролет и

лето златните сончеви зраци

блескаат на водата додека

цвеќињата цветаат. И под

синото облачно небо

езерото секогаш сјае.

Димитар Милошевски VI

 

„Езерска слика”

Езера бистри

со чисти води

позлатени од сончевата светлина

која по нив оди.

 

Во небесно сината вода

лебеди се капат

убави риби пливаат

и брановите се преливаат.

 

На човекот

живот му значи водата

затоа тој треба

да се грижи за природата.

Ема Ефремова VI-в

 

Езеро

Сред планински падини слика

Од сина боја која блика,

Езерце мало се скрило

Како сино око дете мило.

 

Дар драг од природата даден

На планинската убавина складен,

Трепетно да го пазиме

Грижливо да го мазиме.

 

Еј! Незагадувајте ме!-

Тоа гласно вика.

-Да и бидам на оваа планина

Достојна лика и прилика.

СтојановскаМила 6 - а

 

ЕЗЕРСКА СЛИКА

Зборот езеро ми дава убава слика,

убава и јасна како водата што блика.

Езерото е најубаво за време на ноќ,

поради тоа што ја рефлектира месечинската моќ.

 

Најдобар начин на одмарање е

кога си сред езеро со чун

со риби полн.

Лука Михајловски VI г

 

ЕЗЕРСКА СЛИКА

Со тивки плисоци од водата бистра,

езерската бескрајна шир

распослана е во

совршен мир.

Бел галеб од убавина блика,

шири крилја слободно,

на светлото небо

волшебна слика.

Од вишност грмат

планински врвови,

езерскиот крај се краси,

зад нив сонце златно

в квечерина се гаси.

Ана Павловска VI г

 

Eзерска слика

Што е убав овој свет

овде отпад - таму смет

мртви реки и пуст брег

кисел дожд и црн снег.

 

Реките измачени,

потоците расплачени

за капка вода чиста

што повеќе нигдека како во минатото

не е иста.

Марко Jовановски VI в

 

Езерска слика

Езерото за мене е

свето место

и затоа јас

го посетувам често.

 

Во земјата наша

има езера три

ако имаш можност

посети ги и ти.

 

Живите води се

бистри и чисти

труди се и ти

да останат исти.

 

Некои луѓе

Не се многу свесни

оставаат ѓубре

и екологистите се бесни.

 

Затоа луѓе

бидете свесни

да не ги загадуваме водите

и да бидеме чесни.

Марко Спасовски  VI в

 

ЕЗЕРСКА СЛИКА

Над водата бистра

изгрева сонце златно,

ги буди рибите,

а рибарот фрла платно.

 

Еј, езеро, јас сум камче на брегот,

детски спомен што чека

повторно тука на одмор да дојде

и да си игра крај старата смрека.

 

Да пишува за езерото песни,

да ја чувствува еколошката моќ

да се грижи за чистата околина

за да биде убава и во ден и во ноќ.

Дафина Гилевска 6а одд.

 

Езерска слика

Крај езерото во еден залив,

шумоли бран галлив.

Езерската вода насекаде се распрскува,

детските обравчиња таа ги попрскува.

 

Над езеротојато галеби,

посакуваат да се засекогаш слободни.

Летаат безгрижно на небото,

го гледаат изгледот на езерото.

 

Да се чуваат езерата

и да не се загадуваат,

Затоа што без нив вода нема,

макар и луѓето да бараат и пробуваат.

 

За езерата и водите

има нешто да се каже,

Навистина ни се битни

тука не се лаже.

Марија Миланова VI г

 

Езерска слика

Во нашата земја мила

многу езера има

од нив три се бисери сјајни

за нас многу значајни.

 

Езерата се рајски градини

распослани мегу планини

и со својата убавина сина

ни ја красат земјата мила.

 

Затоа треба овие бисери наши

да ги чуваме и пазиме

од загадувачи разни

околината да им е чиста и

убавината да им блеска.

Ања Станчева VI-в

 

Езерска слика

Езерото ни треба

за неговата вода,

но без него

природата нема мода.

 

Езерото сино како

небо без облаци,

во него пливаат

риби, а има и пливачи.

 

Езерата се ретки

приподни убавини,

гледаш вода и

гледаш планини.

 

Душата ти се исполнува

од прекрасната глетка,

ти доаѓа желба

да одиш на прошетка.

Мартина Георгиева VI- в

 

Езерска слика

Езерото, со вода небесно сина

ги плени погледите на сите,

Уште од голема далечина

 

Понекогашима и бранови мали,

многу ми наликуваат на проѕирни скали.

 

Во некој езера има и бесценети бисери бели,

а некој на дното со каменчиња се обложени цели.

 

Водата шумоли тивко

предизвикува спокој и мир,

тишина владее нежна,

кај езерската шир.

Марина Георгиева VI -в

 

,,Езерска слика’’

 

Шетајќи покрај езерскиот брег

Здогледав два лебеда бели

Кои весело во езерото пловеа

Додека рибарите риби ловеа.

 

Над езерото галеби летаа

И со своите крилја поздрави праќаа,

а пак веселите минувачи

со насмевка им возвраќаа.

 

Ветерот од некаде се јави

Тој езерски бранови прави

Кон брегот бранчиња се леат,

езерски песни се пејат.

 

Оваа езерска идила е волшебна знај

Затоа треба да се грижиме до крај

на животот наш

за да биде така и во животот ваш.

Мила Ѓорѓиевска 6-б одд

 

Езерска слика

Крај езеро ширно сино

галеби си пеат милно,

Ех, бранови тивки жуборат

крај копно школки се собираат.

 

Лето со душа дечиња чекаат

на езеро со песок да си играат,

бродчиња и кајчиња пловат

низ сино езеро рипчиња си ловат.

 

На езерце сино чист воздух има

и на сите им дава сила,

сонце топло грее

и едно детенце си пее.

Матеја Цветковска 6-б одд

 

Езерска слика

Езеро рајско убаво,

излегов да се прошетам,

крај езеро бисерно чудесно,

крај езеро ветрови вееја,

додека птиците златно пееја.

 

Лебедот како украс бел,

Со раширени крилја цел,

Низ езерото броди,

Како крал низ водата оди.

Стефан Чагановиќ 6-б одд

 

Езеро

Некаде далеку во шумата

Тивок бран минува

Мало езеро има таму

Што ветер го управува

 

Лисјата се нишаат

Птиците пеат

Блиску до песокот чист

Цел ден се смеат

 

Но нешто веднаш се случи

Трагедија - гласно бучи

Фабрика голема се гради

Лошиот гас сега чади

 

Од високото ѓубре направено

Топлината што ја прави

Езерото мало испари

 

Но по долго време поминато

Се слушнало многу за ова

Почна да се чисти брегот

За да се направи природа нова


Затоа почнете да рециклирате

Чад да нема веќе

Но на крај на ден да знаете:

Времето веќе тече!

Андреј Мацановиќ 6-в одд

 

,,Езерска слика’’

Три езера во

Македонија имаме

и туристи од цел свет за

во Охрид секогаш примаме.

 

Да ја чуваме природата

е многу лесно,

но верувајте ми

навистина интересно.

 

Корпи за отпадоци

насекаде да се стават

за сите луѓе

со гордост да слават.

 

Водите на нас

многу ни значат

и треба луѓето

за нив да се мачат.

 

Водата ни е неопходна

за животот наш,

но и за здравјето

и изгледот ваш.                                                            

Ања Виденовиќ VI- в

 

,,EЗЕРСКА СЛИКА”

(ЗБРКИ ВО ШУМАТА)

На зелената ливада

детски глас се слуша,

децата играат криенка

под старата круша.

 

Шарените цветови

весело се смееат,

а високите дрвја

везден пејат.

 

Езерцето сино

со бранови дружба води,

ново пријателство

повторно се роди.

 

Водата се шета

горе, доле,

исто како тревата

во соседното поле.

 

Бистра е како бисер

и како сонце свети,

каква ли игра езерцто

сега плети?

 

Но природата

со ѓубрето војна води,

каде што зеленило има

ѓубре не смее да оди.

 

Езерцето сино

повторно бучи,

секогаш тоа сака

нешто ново да учи.

 

Учи тоа како

екологист да стане,

збори ли збори

со малиот Бане.

 

Голем заштитник на

природата тој ќе биде,

тој на мали прошетки

ужива да иде.

 

Го прошета тој

целиот свет,

од изворче,во изворче

и така се по ред.

 

Наеднаш езерцето

почна солзи да лее,

дрвото заспало без

приспивна песна да му пее.

 

Водата се зголеми,

брегот се поплави,

брановите се разиграа,

сите се разбудија.

 

Голема бука ,

во шумата се направи,

но наеднаш езерцето ги

отвори очите и се разбуди.

 

Се е мирно

птиците седат на една гранка,

а тие три деца седат под

под она дрво и ја читаат

својата читанка.

 

Ете сега и на оваа

песна и дојде крај,

а за чиста околина

и ти вложувај!

Калина Анѓелевска Vl а одд.

 

ЕЗЕРСКА СЛИКА

Од Баба две очи сјаат,

Ко ѕвезди сјајни. 
 

Над нив сонцето кога ќе светне

огледало свое прави.

Баба во себе скрила

Две очи сјајни,

На неа ќе останат

и ќе бидат вечно трајни.
 Ана Пиштолова VI-б одд.