Назад

Презентација со родителите од првите одделенија 1/28/19

Oдржана презентација и работилница со родителите од првите одделенија

Тема: „Родителите и самодовербата на децата“
Време на реализација: 22.01.2019 год. и 24.01.2019 год. 
Предавач: педагог Жаклина Стојановска
Присутни: родителите од I-а и I-б одд. и родителите од I-в и I-г одд. и наставничките од прво одделение: Емилија Стефановска, Васа Трајчевска, Катерина Трајчевска Ѓуровска и Маја Арсовска

Целта на презентацијата и работилницата е родителите да:

  • разликуваат дете со самодоверба и дете без самодоверба,
  • да ги знаат типовите на семејно воспитување и да се пронајдат кој тип се,
  • да знаат како  стилот на семејното воспитување влијае врз развивањето на самодовербата кај децата,
  • да знаат како да му помогнат на своето дете за развивање на самодовербата,

            Работилницата-презентацијата се одвиваше во училницата со СМАРT табла и тоа на 22.01.2019 година со родителите од I а иI б одд. и 24.01.2019 година со родителите од I в и I г одд. Присуствуваа вкупно 95 родители.

Во текот на презентирањето имаше постојана комуникација и  интеракција со родителите и заинтересираноста за истата беше на завидно ниво.

            После  презентацијата со родителите беше направена работилница, а на крај им беа поделени брошури.

Сето ова беше направено во соработка со педагогот и наставничките од прво одделение кои потоа ја продолжија родителската средба, секоја поединечно.

Линк до фотографии од настанот