Назад

Посета на музеј на илузии - Илузиум 3/17/19

На 15.03.2019 година ученици од VI до IX одделение, учесници на општинскиот натпревар по математика од ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, заедно со наставничките по математика: Ирена Стефанова, Александра Бошковска – Спасовска и Мимоза Митиќ го посетија Музејот на илузии - Илузиум.

Учениците се забавуваа во  еден поинаков свет, каде целата реалност се претвора во една виртуелна илузија. Свет каде постои сѐ она што е надвор од границите на нормалата. Една поинаква авантура, исполнета со многубројни нереални изненадувања. Доказ дека некогаш сетилата можат да не излажат.

Три спрата исполнети со илузии, многу забава и поинакво доживување. Разни 3Д принтови кои доловуваат пропаѓање во дупка во лифт без дно, налет на воз, напад од ајкула итн...Поставката содржи и слики и фотографии со двојни значења, загатливи форми што бараат логика. Многу дилеми и мозочни сложувалки, лавиринт на бесконечни огледала, соби во кои може да се изгледа како џуџе ...

линк до фотогалерија