Назад

Нова фасада на училиштето 8/23/18

Во нашето училиште во тек се изведуваат градежни зафати овозможени преку соработката на Општина Кисела Вода и Цементарница Усје АД Скопје. Од учебната 2018/2019 година учениците и вработените ќе работат во позатоплени и попријатни училници за работа. 

Се поставува фасаден систем со изолација, изработка и монтажа на нови олуци, поставување на прозорски опшивки и окапници, чистење на столаријата и браваријата.