Назад

Националeн ден на унгарскиот народ од 15.03.2019 год. 3/19/19

По повод одбележувањето на Националниот ден на унгарскиот народ секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски и неговата екселенција Ласло Дукс, Амбасадор на Република Унгарија во Република Северна Македонија положија цвеќе пред спомен плочата на големиот унгарски поет и еден од водачите на Унгарската револуција од 1848 година, Шандор Петефи.

Општина Кисела Вода во соработка со Амбасадата на Унгарија и Здружението на унгарците „Теледом“, неодамна распиша конкурс за истражувачка дејност на следните две теми: „Животот и делото на Лајош Кошут“ и „Историјат и значење на унгарската света круна“.На конкурсот право на учество имаа сите ученици од општинските основни училишта до 10 - годишна возраст. За учество на истиот учениците претходно подготвија трудови во пишана форма (есеи, раскази и поезија), како и видео презентации. Изборот на најдобри литературни творби и видео презентации го направи комисија од Општината.

Дипломи и благодарници добија: учениците Луна Трајковска и Лора Јанковиќ - IX a одделение и Владимир Чуновиќ - IX в одделение од ООУ „Кирил Пејчиновиќ“.

Катерина Кузмановска
наставник по Историја