Назад

Национален натпревар „Европски квиз на пари“ 3/27/19

На 27.03.2019 во просториите на Економски факултет – Скопје, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ се одржа за првпат Националниот натпревар „Европски квиз на пари“ на кој учествуваа 150 тимови. Најдобрите ќе ја претставуваат нашата земја на 07.05.2019 во Брисел на финалето на натпреварот „Европски квиз на пари“.

Учесници од нашето училиште беа:

Лука Колариќ и Јана Стојковска од VIII-а одд. ментор: Билјана Крстиќ и

Филип Стефановски и Владимир Тасевски од IX-в одд. ментор: Александра Бошковска-Спасовска.

Натпреварот беше организиран од страна на Македонскта банкарска асоцијација и се одвиваше во две подготвителни фази и финалниот национален натпревар.

На подготвителните фази одржани на 13.03.2019 и 20.03.2019 учествуваа ученици од VIII-a и IX-в одд, а победниците беа избрани по пат на писмен тест односно Kahoot апликација со најголем број на организиран точни и брзо одговорени прашања.

Учениците имаа можност да научат повеќе за теми од финансиската писменост (пазар на хартии од вредност, извори на финансирање, акции, обврзници, финансиски извештаи, примарен и секундарен пазар, брокерска куќа, инвестициски фондови и сл.).

На свеченото прогласување на победниците свое обраќање имаа: Ирена Кикеркова, член на Одборот за соработка и доверба со јaвноста на УКИМ Економски факултет Скопје, Петар Атанасов, Заменик министер, Министерство за образование и наука на РСМ, Анета Крстевска, Главен економист, Народна Банка на РСМ,, Зоран Колев, Комисионер, Комисија за хартии од вредност на РСМ и Коста Митровски, Претседател, МАКЕДОНСКА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА.  

Навистина беше задволство да се учествува на еден ваков тип на натпреварување каде што учениците се збогатија со уште еден важен сегмент од развојот на личноста - финансиска писменост.

Повеќе за настанот