Назад

Македонски народен театар 9/16/18

 

На 14.09.2018 година, во рамките на драмската секција, учениците од шесто, седмо и деветто одделение во придружба на наставниците: Снежана Цоневска, Маја Михиловска,
Лилјана Николиќ и Антониета Ѓорѓиевска
 ја проследија претставата „Авантурите на Аладин“ во во режија, адаптација и драматизација на Бојан Трифуновски.  

„Авантурите на Аладин“ е приказна за победата на љубовта, најнекорумпиабилната сила во универзумот, врз алчноста и злобата. Приказна за простувањето и потребата да се верува
дека во секој човек лежи скриен добротвор, скриен пријател, безусловен почитувач и сродна душа. Со многу музика, базирана на рокенрол класици, се карикатуризираат лошите,
се нагласуваат пријатните карактеристики и атрибутите на нашите јунаци, во бескрајна трка по среќа. Драмската претстава се одржа на големата сцена  во Македонскиот народен театар - Скопје со почеток во 12.00 часот.