Назад

Класика за деца 9/12/18

Познатата виолинистка Пламенка Трајковска со членовите на нејзиниот камерен состав во рамките на проектот „Класика за деца“ на 12.09.2018 година одржа концерт за најмладите во нашето училиште. Концертот со наслов „Музика и танц“ беше изведен со гудачки квартет. Преку изведбата на класичните композиции беше објаснето како се развивала музиката и танцот во минатото и како таа се менувала од барок преку класика и романтизам, па се до посовремените музички изрази.