Назад

Активности по повод Детската недела 2018 10/6/18

„ДЕТСКА НЕДЕЛА“ И „ДЕНОТ НА ДЕТЕТО“ - 2018

Првата полна седмица на месец октомври (01-07.10.2018) е седмица посветена токму на дечињата од целиот свет. Тоа е недела која не' обврзува да го свртиме целото свое внимание кон нив, нашите најмали и најмили – ДЕЦАТА.

Недела која почнува со најубавиот - СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО.  

И Република Македонија како дел од светот ги одбележува „Светскиот ден на детето“, „Детската недела“ и „Денот на детето“ кои што се утврдени и со Законот за  заштита на децата како манифестации посветени на децата.

За таа цел во нашето училиште се спроведоа следниве активности:

* Прием на првачињата во Детската организација  

* Активности по повод Детската Недела по следниов редослед:

01-05.10.2018 г. Активности по повод одбележувањето на Детската недела во рамките на секоја паралелка при ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Скопје на повеќе пригодни начини (литертурно читање, презентација на детските права и должности, истакнување на детските права и должности пропишани во Конвенцијата за заштита на правата на детето, творење на тема посветена на детето, разговори на тема „Детето во Светот и кај нас“ и сл.

05.10.2018 г.  Свечена приредба по повод прием на првачињата во  „Детската организација“ и положување на свечена заклетва.

Одговорни наставници: Дафина Георгиевска и Илинка Димовска

Фотографии од активностите